Двајца Јапонци успеале да заработат речиси пет милиони долари од препродажба на искористени поштенски марки, пренесува БГНЕС.

Тие биле службеници во пошта во Токио. Управата на институцијата била информирана за тој криминал уште 2018 година, но досега намерно не му се дало публицитет на тоа. Според првичните информации, незаконската препродажба ја вршеле директори на два огранока на поштата во јапонскиот главен град.

Во период од три години едниот продал користени поштенски марки со вкупна вредност од 3,68 милиони долари, а другиот заработил 1,29 милиони долари. Поштенските марки биле продавани по намалени цени за такса.

Иако сите нелегално користени трговски марки биле наменети за обработка, тие веројатно немале печат врз нив, што и овозможило повторно нивно користење.

Јапонската пошта го потврди случајот, нагласувајќи дека истрагата сè уште трае.