Голманот на Еурофарм Работник, Николче Митревски, се најде во идеалниот тим на ракометната СЕХА лига, за месец октомври. Тој беше најдобар голман во регионалната лига и во септември.
Митревски има одлична сезона на голот на битолскиот тим, а најспектакуларна партија прикажа против Веспрем, кога Еурофарм Работник го изненади унгарскиот состав кој беше фаворит. Освен 12-те одбрани против Веспрем, Митревски имаше и вкупно 14 одбрани против Мешков Брест и ППД Загреб.
Покрај Митревски, во идеалниот тим за октомври се најдоа и Штрлек од Веспрем, Ѓукиќ од Металопластика, Пухоуски од Мотор, Ваилупау од Мешков, Ковалев од Спартак и Пешиќ од Нексе. Хорват од Нексе е тренер на месецот.