Менторот на Јувентус, Маурисио Сари, беше задоволен од успехот во „Дерби дела Моле“ против Торино со 1-0. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Матијас де Лихт во второто полувреме.
Дефанзивецот беше и главен играч во друга ситуација, кога топката го удри во рака во шеснаесетникот. Сепак, судијата не досуди ништо и „бјанконерите“ го добија натпреварот.
– Во овој дел од сезоната, ние не правиме сметки, само собираме поени. Немаме илузии дека убаво ќе победуваме. Де Лихт доаѓа од лига која не е толку тактички напредна и нормално се уште да чуствува тешкотии, рече тренеротна „црно-белите“.
Де Лихт пак изрази среќа од победата и голот што го постигна.
– Ова е посебен момент. Тешко е да се преселам во нов тим и во ново опкружување, но моите соиграчи ми помагаат многу и сè оди одлично. Учам со секој одминат натпревар, изјави холандскиот репрезентативец.