Неколку илјади луѓе дојдоа денеска во Меморијалниот центар во Поточари, источна Босна, на одбележување на 23-годишнината од геноцидот во Сребреница.
Меморијалниот центар е клучната точка на паметникот за роднините и пријателите на 8.000 луѓе, повеќето мажи и момчиња, кои беа ликвидирани од милициите на босанските Срби.
Од српската влада нема официјален претставник, а не комеморацијат беше Чедомир Јанковиќ.
И после 23 години во Поточари сме сведоци на емотивни сцени. „Да не се заборави“ е слогонат истакнат насекаде во Сребреница.
Неодамна се откопани останките на уште 73 ѓртви, а меѓу нив и 16-годишниот Весид Ибриќ, најмладата ѓртва на геноцидот погребан во истата масовна гробница каде и најстарата жртва, 71-годшниот Сахин Халиловиќ.