Боливиската полиција се судри со демонстрантите кои се обидуваат да маршираат до претседателската палата во Ла Паз, по оспорените резултати од претседателските избори во земјата.

Полицијата употреби солзавец за да ги одбие демонстрантите кои синоќа и рано утринава фрлале камења врз неа, јавуваат американските медиуми.

Приврзаниците на боливискиот претседател Ево Моралес го блокираа доаѓањето на опозицискиот лидер Луис Фернандо Камачо во главниот град Ла Паз. Владата, имено, дозволи тој да се врати во неговиот роден град.

Камачо ги предводи протестите во Санта Круз, најбројниот град во земјата, барајќи од Моралес да поднесе оставка по изборите оддржани на 20 октомври.

Противниците ги оспоруваат официјалните резултати од изборите според кои Моралес победи со разлика гласови доволна само да се избегне втор круг од гласање, во кој тој требаше да ги одмери силите со обединетата опозиција.

Од своја страна Моралес ја обвинува опозицијата дека се обидува да изведе државен удар.