Манчестер Јунајтед би можел да заврши во Топ 4 и да се квалификува во Лигата на шампиони, според напаѓачот Маркус Рашфорд.
„Црвените ѓаволи“ се, благо речено, слаби во досегашните настапи и се на 10-то место во пласманот во Премиер лигата, со 10 бода од Лестер и Челси, кои во моментов се на трето и четврто место.
Сепак, Рашфорд верува дека кога Јунајтед е во целосна сила, тогаш може да направи доволно силна победничка низа и да се врати во првите четири.
– Ќе биде тешко, но сигурно не е невозможно. Ние само треба да мислиме за нашите перформанси, а не за другите. Играме најдобро кога сме фокусирани на нашата игра и размислуваме само за тоа како да се подобриме. Работите можат да бидат прилично добри, но тие исто така можат да бидат комплицирани, затоа мора да бидеме внимателни. Сега првата цел е да се приближиме до водечките тимови. Да се направи силна низа сигурно ќе ни помогне. Покрај тоа, не смееме да ги правиме грешките на „Олд Трафорд“. Треба да бидеме константни особено во нашата игра затоа што тоа ќе ни донесе резултати, додаде напаѓачот, кој наполни 22 години пред неколку дена.