Нови изненадувања во Лигата на шампионите. Во вечерните натпреаври о 21 часот, Баер од Леверкузен кој е убедливо последен на табелата, го совлада Атлетико од Мадрид на домашен терен со 2:1, а Аталанта одигра нерешено со Манчестер Сити, 1:1, кој доби и црвен картон.
Во останатите натпревари, неверојатно драма се случуваше во Загреб. Динамо водеше со 3:1 против Шахјтор (третиот гол го постигна Адеми во 89 минура), но во продлжението, во 93 минута Украинците намалија на 3:2, а изрмнувачкиот гол за 3:3 го постихнаа преку Тете во 98 минута кога беше досуден пенал за гостите. Вистинска трагедија за Динамо, кој со оглед на распоредот во преостаните два натпреаври (дома со Сити, а гостува кај Аталанта), вечерва веројатно се прости од натамошните рунди во ЛШ.
Во другите натпревари, Реал убедливо со 6:0 го совлада Галатасарај во Мадрид, а ПСЖ рутински на домашен терен извојува победа против Бриж со 1:0.
Црвена Ѕвезда доживеа дебакла на свој терен против Тотенхем губејќи со 4:0.