Четири лица се убиени, а 108 се повредени во денешните антивладини протести во ирачкиот главен град Багдад, соопштија медицински и полициски извори.
До инцидент дошло откако безбедносните сили ги „исчистиле“ трите главни мостови преку реката Тигар.
Безбедносните сили на мостот Синак ги потиснале демонстрантите кон плоштадот Хилани, каде во судир се повредени 35 луѓе.
Според некои медиуми, демонстрантите се прегрупирале со цел повторно да се обидат да преминат преку мостот.
Преку овој мост може да се стигне до строго обезбедуваната Зелена зона, каде се наоѓаат странски амбасади и владини институции.
Досега во антикорупциските протести и жестокиот одговор на власта загинале повеќе од 250 лица.