Владата во заминување се обидува на криминален начин да испумпа пари од државата и упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“, со кој што на човек фирма, формирана 24 дена пред објавување на јавниот повик, треба да и се платат огромни 72 милиони евра, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Рашковски и измамникот Заев ги кријат деталите од договорот и ја лажат јавноста дека фирмата влегува во бизнис во Македонија во јавно приватно партнерство без никаков бенефит од државата. Ги нема да одговорат на прашања кои кружат во јавноста: Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години? Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект? Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата? Дури кружат гласини дека и на мислењата од институциите им се става степен на класификација за истите да се сокријат од јавноста, се вели во реакцијата.
Нетранспарентноста на владата, се додава во соопштението, и одвивањето да одговори уште повеќе отвора сомнеж кај јавноста дека е на повидок нов криминал тежок дури 72 милиони евра.
– Со 72 милиони евра колку што Заев ќе даде за 8 години може да се купат 15 најсовремени хеликоптери за медицинска итна помош или повеќе од 1.500 најсовремени амбулантни возила. Време е да се стави крај на криминално рекетарската банда на Заев која си игра со државата и парите на граѓаните. Крајот на оваа криминална влада се ближи, на 12-ти април ќе дојде обнова на Република Македонија. Денот кога сите функционери кои се огрешиле пред законот и ја имаат злоупотребено својата функција ќе одговараат пред закон, се вели во реакцијата од опозициската партија.