Таткото и неговите двајца сина близнаци од Лејк Стивенс, Вашингтон, направија огромна работа; тие наполнија осумдесет камиони со дрва, само за да го донираат тоа дрво на луѓето кои имаат потреба.
По големото невреме, Шејн Мекданиел и неговите двајца сина, Хенри и Харисон, имаа многу работа за да се подготват за новото лошо време што им се приближуваше.
„Моравме да намалиме многу дрвја заради штетата предизвикана од невремето и затоа што дрвјата беа срушени. Едноставно натрупавме и натрупавме дрва. Откако собравме многу, решивме да направиме нешто многу подобро со дрвјата “, објасни Шејн.
Заедно со неговите синови, тие не само што ја расчистја шумата, туку им помогаа на голем број на луѓе на кои им требаа дрва.
„Северозападниот дел на Пацификот е прилично незгодна област; многу е ладно и влажно. Откако започнавме, ми се отворија очите. Толку многу луѓе дојдоа кај нас и не прашуваа дали можат да купат дрва, па затоа решивме да ги донираме “, откри Шејн.
Од март 2018 година до октомври, Шејн, Хенри и Харисон исекоа доволно огревно дрво за да наполнат осумдесет камиони!
Откако натрупаа толку многу дрво, Шејн ја објави на Фејсбук идејата за делење на дрва. Не е необично тоа што неговата објава привлече големо внимание. Многумина беа шокирани од дарежливоста на семејството. Некои беа толку допрени од гестот што доброволно се јавија да помогнат да однесат дрва кај оние кои не можеа сами да дојдат по дрвата.
„Тоа е убаво е да се види. Едноставно можете да почувствувате дека луѓето се горди и среќни што споделуваат. Кога на луѓето им правите добри дела, тие тоа не го забораваат. Сакам да им помагам на луѓето “, рече Шејн.
Таквата дарежливост и сочувство го прави овој свет подобро место за живеење. Шејн, Хенри и Харисон, ја имате нашата почит!