Многумина се согласија дека оваа снимка е една од најслатките кои имале прилика некогаш да ги погледнат.

Моментот кога тригодишната Моли ја запозна нејзината новородена сестра Кора, ги стопи и најтврдите срца.

Мама Хедер Конли на социјалните мрежи го објави моментот на запознавање на двете сестри.

Моли ја зеде Кора во раце, нежно и го гали лицето, ја бакнува и и вели: „Само што излезе од стомакот на мама. Нема да паднеш. Никогаш нема да те пуштам“.

Корисниците на социјалните медиуми се согласија дека оваа снимка е една од најслатките што некогаш имале шанса да ја погледнат.