Покрај сувото гори и суровото, гласи народната изрека. Таа можеби важи и за денешниот масакр на јапонските цреши во центарот на Скопје, кои ги исекоа пилите и секирите на градоначалникот Петре Шилегов.

Наводно јапонските цреши, кои ги посади претходната власт, биле заболени и поради тоа беа исечени. На социјалните мрежи овој чин предизвика револт од една страна и одбрана на потегот на Шилегов од друга.

Ви пренесуваме дел од твитовите на корисниците на Твитер во врска со денешното сечење на јапонските цреши.

– Ви реков јас фино, единствени преостанати дрвја во Скопје ќе бидат Југодрво и Дрводекор, гласи еден од твитовите со кои реагираа денеска скопјани.