Ако итно не се дозволи извоз на канабис, залихите ќе ги оставиме пред Владата па нека ги јадат кравите, вели претседателот на здружението на производители на канабис за медицински цели „Макканабис“, Костадин Дуковски.
Тој во разговорот за ТВ 24 вели дека Македонија има потенцијал да биде европски лидер во производство и одгледување на канабисот, но недостигаат закони и услови за бизнис.
Ако итно не се донесат измените, предупредува Дуковски, фирмите ќе бидат приморани да стават клуч на врата.
Видеото може да го погледнете и ТУКА.
https://www.youtube.com/watch?v=79VPw4WyG24&t=15s