Саудиска Арабија ја процени државната нафтена компанија „Арамко“ на околу 1.600 до 1.700 милијарди долари.
Компанијата објави ажуриран проспект на својата иницијална јавна понуда (ИПО), во која се бара повеќе од 25 милијарди американски долари за продажба на 1,5 проценти од акциите на компанијата.
Со тоа потенцијално би можело да биде најголемата јавна понуда во светот, од најпрофитабилната компанија во светот, јави Би Би Си.
Проценката на вредноста е помала од 2.000 милијарди американски долари, колку што сакаше да постигне престолонаселедникот Мохамед бин Салман.
Во денешното соопштение се вели дека големината на основната понуда ќе биде 1,5 проценти од акциите на компанијата,а цената ќе биде одредена на 30 до 32 саудиски ријали (8,0 до 8,5 долари). Со тоа, доколку се добие горениот опсег на цени, иницијалната јавна понуда може да биде 25,60 милијарди американски долари.