Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 ноември.
Денеска е Св. великомаченик Мина.
Свети Мина беше по род Египѓанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина.
На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата.
Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи.
КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Кршеван, маченик.
Бил аквилејски маченик, од четвртиот век. Се истакнал за време на Диоклецијановите прогонства поради силното верување во Христос. Преданијата го поврзуваат со Света Стошија или маченичката Анастазија. Според тоа предание, бил учител по веронаука. Бил наговорен од царските службеници, да се одрекне од верата во Христос, за што му била понудена висока управна положба – Конзулатот на Римската провинција. Но, Кршеван ја одбил таа ласкава кариера, бидејќи верата во Христос за него била вистинско богатство. Поради тоа му била отсечена главата. Верниците му се молат, молејќи го, да им ја дарува верата.