На 17 – тата по ред Јунироска Евровизија победата ја однесе Полска, а нашата претставничка Мила Москов го освои 6-то место.
Мила Москов настапи под редниот број 4. со песната „Fire“, која е дело на братското дуо Магдалена Цветковска – Ена и Лазар Цветковски.
Со својата изведба, 14-годишната Мила ги воодушеви присутните и измами огромен аплауз. Ефектите на сцената дадоа дополнителен опис на содржината на песната.
Послушајте како звучеше Мила.