Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вечерва го постигна својот прв гол како играч на Удинезе.
Сепак, тоа не беше доволно, тимот од Удине да избегне пораз на гостувањето во Џенова кај Сампдорија која славеше со 2:1. Несторовски го отвори резултатот во 29.минута, а потоа домаќините направија резултатски пресврт.
По 13 кола во Серија А, Удинезе е на 13.место со 14 бода, додека Сампдорија е 16. Со 12 бода.