Црвениот крст на Република Северна Македонија ја испрати првата хуманитарна помош во материјални добра во вредност од 20.000 евра и 10.000 евра парични средства во Албанија и таа веќе раните утрински часови веќе присигнала во градот Драч.

-Со хуманитарната помош пристигнаа и тимовите за одговор при катастрофи од Црвениот крст на РСМ за помош и поддршка на Албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот, соопшти Црвениот крст.

Оттаму информираат дека продолжуваат да ги следат и реализираат активностите и потсетуваат заинтересираните граѓани и компании дека канцелариите на општинските организации на Црвениот крст низ цела држава се отворени за соработка во период од 08-16 часот.

– Националното друштво смета дека треба да имаме координирана соработка со цел најсоодветно да одговориме на потребите и приоритетите на граѓаните на Драч. Воедно потсетуваме дека на располагање се и телефонските броеви за донации за корисниците на Македонски Телеком 143 400 и за корисниците на А1 Македонија 143 400 каде може со еден повик од било кој оператор да донирате 100 денари, се вели во соопштението од Црвениот крст.

Заинтересирани лица и компании може да донираат и преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966.

За граѓани од други земји може да донираат преку:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228 сст