Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ
ГОЛОТИЈА. Ако требало, изјавуваат извесни маски-луѓе, илјадниците евра што ги земале ќе ги врателе, како враќањето на незаконски стекнатото да зависи од нивната добра и хумана волја/природа, бидејќи ако нешто незаконски е стекнато, тогаш тоа законски се одзема и, не само што законски се одзема, туку и законски се казнува. Тоа што и некои други персони, налик на нив, на сличен начин постапувале воопшто не ги оправдува, туку уште повеќе ги обвинува. Имено, крадецот (макар и признал дека крадел) ништо не може да го оправда. Најмалку може да го оправда фактот што и други краделе, особено ако негова должност била да ги гони крадците, бидејќи не може крадецот со крадењето на другите да се оправдува
Сега, кога работите почнаа да се разоткриваат, тие кои до вчера се однесуваа невкусно арогантно, како да се од Бога дадени (својствено за простаците) очекуваат разбирање, не сфаќајќи дека тој што еднаш се фатил со ѓаволот, со ѓаволот ќе заврши. Во оваа смисла, допрва и ќе следат меѓусебни обвинување, во кои самите ќе се покажат во сета своја голотија – интелектуална, морална и човечка.