Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денес имаше обраќање на настан организиран од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Велес.
-Имаме целосен прогон врз нас и морам да споменам и неколку жени. Тие се главните жени знаете „Чарлиевите ангели“ ги нарекуваат, и што знам како маички правеа од нив и сл. Но сфативме една работа дека таа хибридна институција која беше создадена за цел да се врши прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и да се уништи идентитетот на македонското во сите нас, видовме зошто се создадени, што правеа, до кај стигнаа.
Гледаме колку евра дневно трошеле за јаткасти плодови, гледаме 30.000 евра како на шофер давале, гледаме милионски суми како се делеле незаконски и на крај ВМРО-ДПМНЕ треба да биде криво за се. Не, ние ќе ги исправиме сите работи. Ќе ги исправиме, но затоа ни треба народот, затоа ве замолувам од моето име, но и од претседателот Христијан Мицкоски да допреме до сите граѓани, да ја раскажеме нашата приказна и ние да ја предводиме новата влада на Република Македонија и да ја побараме одговорноста што следи. Затоа ве замолувам сите, отидете на терен. Имаме само уште еден месец каде што ќе се формира техничката влада, ќе имаме поголема прецизност, ќе знаеме што точно се случува.
Знаете претходните избори што се се случуваше насекаде, на секое избирачко место. Впрочем вие сте најповикуваните дека ги знаете тие работи бидејќи вие го чувствувате скоро во се. Пробуваат на секој можен начин да побегнат од избори, но веќе не можат. Затоа со оваа техничка влада и во предизборието што следи, со новата програма „Обнова за Македонија“, ајде навистина да се обнови Македонија. Ајде сите да ги посетиме. Имаме краток период, брзо ќе помине и јануари знаеме колку има празници, веднаш ќе фати изборната кампања, тоа е шансата за сите нас. Тоа е можноста и периодот каде што ние сите сплотено треба да им го испорачаме резултатот.
Зошто ова го велам? Не го велам случајно. Низ сите овие години имаше доста луѓе што беа разочарани и тоа треба да си го признаеме, можеби сме погрешиле, можеби некој лично со некој проект што не сме го исполниле, нешто што сме ветиле или слично. Да ги погледнеме луѓето, да не бегаме. Тогаш јас ви ветувам дека ако отидеме кај овие граѓани и сите заедно пробуваме да дадеме барем еден од она што го имаме многу јако ќе победиме, многу јако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 12 Април и тоа лично ви го ветувам на сите, порача Мисајловски во денешното обраќање на настан организиран од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Велес.