Десет лица биле полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала еден возач кој се движел со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила тројца возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и четири нерегистрирани возила.

Санкционирани биле тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и  еден возач за неправилно престигнување

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.