Премиерите на Канада и Холандија, Џастин Трудо и Марк Руте, денеска во одвоени изјави го поддржаа француско-германскиот предлог план за реформа на НАТО, откако неодамна францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека Алијансата е на умирање.
-Мислам дека не можете да преживеете 70 години како Алијанса без редовно преиспитување, изјави канадскиот премиер Трудо на форум во пресрет на самитот на НАТО во Лондон, пренесоа британските медиуми.
Холандскиот премиер, Марк Руте, пак, го поддржа предлогот за формирање стручна група „на мудреци“ која ќе ја разгледува политичката реформа на НАТО по несогласувањата на релацијата Турција, Франција, САД.
Руте, исто така, ги повика членките на НАТО на „суштинско преиспитување“.