ПЕНДАРОВСКИ: Објавив многу фотографии од средби, Макрон не заслужи да објавам фотографија од средбата со него!

/ 03.12.2019

Во гостувањето во емисијата „Отворено“ на ТВ 24, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски истакна дека не е морално тоа што дел од инволвираните во настаните на 27-ми април добија амнестија, а дел не. Според него иницијативата на Митко Чавков до Уставниот суд има човечка логика. -Се работи за малку поинаков основ поради кој бараат ревизија на таа амнестија, тоа е закон за амнести,ја ова е одлука на Иванов.

Таму мислам дека е главниот аргумен зошто се одеше селективно во давањето на амнестија и не беа опфатени сите учесници на 27-ми април. Тоа е сосема друг правен основ. Знаете што во крајна инстанца секоја власт ќе ви каже кога носиш закон за амнестија па и кога даваш амнестија како поединец, како претседател дека тоа на крајот е политички чин. Зошто е овој закон ваков, а не инаков тоа е политичка волја на оние кои имаат мнозинство во тој момент во парламентот.

И можат да ви речат оние кои што го носеле законот само тие, тие и тие треба да се амнестираат, другите не. Тоа е легитимно од правен аспект меѓутоа дали е морално, да оставиме судиите на Уставниот суд да решаваат. Мене ми се чини на прва кога гледам дека оваа вторава иницијатива што ја зборуваме нема толку политика во себе колку што има првата, првата има неспорно многу политика.

Господинот Чавков, човекот кој добил 18 години како еден од организаторите ако не се лажам пишуваше во пресудата на 27-ми април и бил високо позициониран во МВР, он добива 18 години, а вели некои се шетаат слободни, а бевме еден до друг или заедно бевме тој ден. Тука има барем некоја човечка логика, не навлегувам во правната логика, вели Пендаровски.

Во однос на средбата со Макрон, претседателот Стево Пендаровски вели дека била плодна и се разговарало за многу работи кои Република Македонија треба да ги подобри во иднина.

Низ разговорот Пендаровски го прашал Макрон за ситуацијата со нашата држава и дали би можеле да очекуваме датум за почеток на преговори за влез на Република Македонија во Европската унија, на што Макрон рекол дека на Европската унија не и се потребни неспремни држави.

-Разговаравме за многу работи, меѓу кои и прашањето кое нас не мачи. Макрон беше дециден и јасен. ЕУ нема потреба од земји кои се не спремни, истакна Пендаровски.

Пендаровски додаде дека имал средби и со обични граѓани и минувачи, политичари и дека со повеќето од нив направил фотографии кои ги објавил на својата фан страна. Исто така Пендаровски додаде дека би ја објавил и фотографијата со Макрон, но смета дека не заслужил со лошата одлука која ја донел во однос на нашата земја.

Сепак, додаде дека Макрон му рекол: „Немам намера да ве исечам по втор пат. Тоа е максумум што го добив од тој разговор“, истакна Пендаровски.

Пендаровски спомена дека тој лично чувствува морална одговорност за она што се случува со правото и правдата во Македонија бидејќи лично тој беше носител на листа на СДСМ.

-Чувствувам морална одговорност затоа штоа јас бев носител на листа на парламентарните избори во 2016-та година. Јас заедно со сите тие други кандидати и носители на листи, заедно зборувавме не само „нема правда нема мир“ зборувавме и за ветинг на судии и обвинители. И во меѓувреме ако веќе тоа генерално ни било да не кажам забрането од Брисел како што кажа премиерот и тоа е точно, тие беа препораките. Но меѓутоа ни не смеевме да оставиме грубо кажано 10-15-20-25 судии кои се на целокупната македонска јавност познати како луѓе кои што се судии само формално во суштина се бизнисмени и работат по некои други узанси и норми, не работат според законот, Уставот и меѓународните конвенции. Тука правната држава мораше да испорача. Или онаа стара фраза која ја користиме за жал 30 години дека ниту еден висок функционер од било која власт нема лежено затвор, вели Пендаровски.

Доколку се случи Шпанија да формира влада и да го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО во предизборниот период, со оглед на тоа што предвремените парламентарни избори се закажани за 12 април, за претседателот Стево Пендаровски не е спорно тој во кај нас да биде потпишан по изборите и конституирање на новиот собраниски состав.

– Ако сите ратификации завршат и се чека на нас, бидејќи по сите 29 ратификации и ние треба да го ратификуваме Протоколот, а ние немаме парламент и дојде до ситуација од нас да зависи, ќе го ратификуваме во април по изборите, рече Пендаровски во интервју за Телевизијата 24 вести.

Во врска со предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се изгласа ратификација со одложено дејство, како што направила Црна Гора, тој истакна дека се уште има правни дилеми дали тоа би било правно издржано.


Од истата категорија