Министерката за финансии Нина Ангеловска, извршниот секретар на Македонска банкарска асоцијација Милена Перчинкова и претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, Ивица Јакимовски денеска ќе ги посетат штандовите на учесниците на Саемот „Купи куќа, купи стан“.
Пред обилколката на штандовите на Саемот, што се одржува во Скопје Сити Мол, тие ќе имаат свои обраќања.
Како што е познато, проектот „Купи куќа, купи стан“ е покренат од претходната власт, односно во времето на поранешниот премиер Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески. Актуелната власт, под чиј прогон се и двајцата поранешни функционери, во минатото го минимизираше значењето на овој проект, а денес не пропушта прилика за промоција како нивни.