Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешната утринска емисија на ТВ Алфа истакна дека крајно несериозен е пристапот на Заев и СДСМ да предлагаат амбасадори кои не ги исполнуваат условите од Законот за надворешни работи кои што и тие самите го предлагаат.

Николоски вели дека според новиот Закон за надворешни работи ниту сегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров не ги исполнува условите за да биде именуван за амбасадор.

Според него, основа на македонската дипломатија треба да биде привлекување на инвеститори и стилулирање на извоз, што не било случај изминатите три години.

-Јас не сум слушнал во изминатите 3 години дека некој амбасадор донел странска инвестиција во Македонија, или испромовирал македонската фирма да извезува во странство. По мене основа на дипломатската работа е во големите центри да се штитат политичките интересите на Македонија а секаде останато 90 проценти на амбасадорите треба да е економска дипломатија, вели тој.