Политичарката Хилари Клинтон (72) се појави во многу помладо издание на настан на Бродвеј во Њујорк , а експерти за пластична хирургија се одговорни за нејзиниот нов изглед.
Хилари се појави со забележително помалку брчки и поизразени образи, при што лекарот Рос Пери тврди дека поранешната прва дама на САД е „генетски благословена“ со здрава кожа, но дека оваа промена може да дојде од ботокс и филер инекција и операција позната како блефаропластика, или лифтинг на очните капаци.
„Хилари Клинтон изгледа фантастично, а помалите третмани со текот на годините ја направија оваа промена помалку драматична. Нејзиното чело е особено мазно, што е веројатно резултат на инјекции со ботокс. За некој кој има 72 години, очекував да видам повеќе брчки на челото и околу очите. Таа исто така била подложена на блефаропластика и ја отстранила вишокот кожа околу очите “, изјави пластичниот хирург, докторката Џуди Тод.
„Таа, исто така, се чини дека има малку поголем волумен на усните, што може да значи дека инјектирала филер во нив“, додаде докторката.