Српскиот претседател Александар Вучиќ рече вечерва дека постигнал договор со премиерите на Албанија и на Македонија за поголема интеграција на надлежните органи задолжени за итни случаи на трите држави. Тој најави дека следната средба во рамките на иницијативата „мини Шенген“ „ќе се одржи во Белград на крајот на јануари 2020 година.

Тој додаде дека пред крајот на годината, ќе биде решено дека само со лична карта ќе може да влезе на територијата на која било од државите вклучени во мини Шенген.

– Следната средба ќе ја одржиме кон крајот на јануари во Белград, и мислам дека тоа ќе биде историска средба заради она што ќе го завршиме дотогаш, изјави Вучиќ во Тирана, јави Бета.