Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша пакетот буџетски закони за 2020 година, вреден 1,4 билиони долари за да спречи блокада на Владата, изјави портпаролката на Белата куќа, Џуд Дир.
Според неа, Трамп ги потпишал буџетските закони во средата во претседателскиот авион на пат од Вашингтон кон Флорида, бидејќи било потребно тоа да го стори пред полноќ.
Потпишувањето е неопходно за да се спречи блокада на Владата откако Конгресот оваа недела го отфрли планот за трошење.