Првоосомничениот за случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски  пет часа даваше исказ во Јавното обвинителство.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека неговиот исказ, не случајно бил толку долг и дека Јовановски ја кажал целата ноторна вистина поткрепена со факти и докази.

Тој не одговори на новинарското прашање дали во неговиот исказ биле споменувани и некои други лица за кои јавноста не знае дека биле вмешани во овој случај.

– За секој основ, за секое зборче што стои во наредбата за спроведување на истрага се произнесе со мноштво факти, не со рекла-кажала, мислам дека неговиот исказ беше корисен, целосен и сеопфатен, рече Дуковски