Немојте да очекувате од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции да емитува снимени разговори. Но, сето она кое го поседува ВМРО-ДПМНЕ, ќе го достави до МВР, до органите на прогонот каде што ќе има доверба, па тие натаму нека си процесуираат, истакна Христијан Мицкоски во интервјуто за МРТ.
-Бојан Јовановски вели „Погледнете ги снимките од надзорот во мојата куќа и ќе ви стане јасно каде завршила Луи Витон ташната“. Дали од тој ден до денес сте слушнале некој да се позанимава со таа тема? Еве, макар тоа да биде и аналитичар па на лист да напише еден состав. Нема. И ние зборуваме се бореле тие против режим. Каков режим? Па поголем режим од ова нема. Имате пример на спрега помеѓу власт, обвинителство, судство-молк. Никој денеска не го поставува прашањето дали Рускоска ги прегледала снимките и дали навистина таму е одговорот каде завршила ташната Луј Витон. Зошто никој тоа не го прегледал? Има индиции, во јавноста излегоа натписи дека некој од Владата го предупредил Бојан Јовановски дека бизнисменот Јордан Камчев пријавил за случајот. Кој е тој од Владата, го прашал ли некој Јовановски кој го предупредил?-истакна Мицкоски.
Тој посочи дека има индиции дека еден од обвинетите, а сега осуден за Рекет ги снимал сите разговори во телефонот, па Мицкоски праша дали тие разговори се форензички обработени.
Што се однесува до најавата на СДСМ дека ќе биде поништена лустрацијата, Мицкоски истакна:
„Нашиот став е јасен дека децата и внуците на комунистичките кодоши ќе ги амнестираат кодошите. Денеска ги амнестираме кодошите кои го злоупотребиле системот да напредуваат, не за квалитет туку затоа што биле добри поданици. Тоа говори доволно за карактерот на овие луѓе. Ќе се амнестираат кодошите кои граделе кариера врз тоа што кодошеа затоа што сме си ја сакале државата на крајот на денот, и голем број на невини жртви биле таму“. Тој додаде дека наместо да се зборува за рехабилитација на Ченто и Шатев денеска власта ги рехабилитира кодошите.