Јапонската полиција денеска открила остатоци од најмалку пет лица во дрвен брод за кој се сомнева дека допловил од Северна Кореја, соопшти крајбрежната стража.

Бродот е пронајден на островот Садо во северозападната префектура Нигата.ж

Пронајдени се глави на две лица и пет тела, а причината за смртта се истражува.

Полицијата засега не може да потврди дали пронајдените глави припаѓаат на некое од петте тела или им припаѓаат на други лица.

Дрвениот брод имал букви и бројки на корејски јазик.

Според крајбрежната стража, ова е втор пат во еден месец на брегот на островот Садо да биде пронајден дрвен брод.