Мал авион се урна во близина на продавница на „Волмарт“ во Луизијана, а засега има информација за петмина загинати.

Авионот се урнал во мала шума, каде во близина се наоѓа и училиште.

По падот авионот веднаш се запалил, а телата на патниците се изгорени и не можат да се идентификуваат.

Во леталото се наоѓале шест патници, но последното тело се уште не е пронајдено.