Една 35-годишна жена и две девојчиња, едно на седум годишна возраст, загинаа денеска попладне во лавина на италијанските Алпи, во близина на границата со Австрија.
Трите жртви се германски државјани. Во несреќата се повредени и двајца скијачи, но тие се надвор од животна опасност.
Инцидентот се случил на 2.400 метри надморска височина. Екипа од 70 спасувачи, како и три хеликоптери, учествувале во акцијата за пронаоѓање на жртвите.