Откако најголемите тимови во Европа се натпреваруваа за младата норвешка ѕвезда на РБ (Салцбург), Ерлинг Халанд, денеска тој беше претставен како фудбалер на Борусија Дортмунд, договор кој за многумина е сигурно изненадувачки, па дури и шокантен.
Имињата на Манчестер Јунајтед и Јувентус беа меѓу екипите кои се борат за привлекување на Халанд, но на крајот тој ќе го продолжи својот развој во Бундеслигата.