Американската армија изврши „одбранбени напади“ во Ирак и Сирија против ирачката шиитска радикална група „Катаиб Хезболах“, соопшти Пентагон.

Нападот се случи два дена откако градежен работник од САД беше убиен во ракетен напад врз ирачка воена база.

Пентагон соопшти дека пукале врз три локации на шиитската муслиманска милиција во Ирак и две во Сирија, вклучувајќи складишта за оружје што ги користи групата за планирање и извршување напади врз коалиционите сили предводени од САД.

САД во петокот ја обвинија групата за ракетен напад во кој загина американски градежник и беа повредени четворица членови на американската служба и два члена на ирачки безбедносни сили во близина на градот Киркук.