Познатиот италијански неврохирург Никола Акчари ја коментираше состојбата на легендата во Формула 1, Михаел Шумахер.

– Јасно е дека тој никогаш нема да биде ист човек. Немојте да се изненадите ако го видите еден ден и тој има изгубено мускулно и коскено ткиво. Неговата состојба наметнува грижа не само на мозокот, туку и интензивна нега на целото тело. Тоа е многу деликатна ситуација која често доведува до смрт кај луѓе со понизок економски статус. Ова е тажната вистина …, изјавил италијанскиот лекар за „Мотоспорт“.

Пред шест години – кон крајот на 2013 година, Шумахер удри со главата во карпа при сски-инцидент, по што беше подложен на повеќе операции и закрепнува во домашна средина веќе неколку години.