Русија предупреди на последиците од убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад.
– Убиството на Сулејмани… е ризичен чекор што може да доведе до пораст на тензиите во регионот, се наведува во соопштението од руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се истакнува и дека „Сулејман верно служеше на интересите на Иран“ и оти Русија изразува искрено сочувство до иранскиот народ.
Командантот на елитната единица Револуционерна гарда Сулејман е убиен при синоќешниот напад на американските сили врз аеродромот во Багдад.
Пентагон соопшти дека Сулејман е убиен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и претседателот на Иран, Хасан Рохани ветија дека ќе ја одмаздат смртта на генералот.