Нововенчана двојка со потекло од Струга е убиена во пукање во Јаравил, во предградието на австралискиот град Мелбурн, објавија австралиските медиуми.

Ветон Мусаи (29) починал во болница, ден по смртта на неговата 25 годишна сопруга Линдита.

Таткото на Линдита останува в болница под полициска заштита, каде му се санираат повредите здобиени од огнено оружје.

Полицијата соопшти дека нема потрага по друго лице во врска со овој инцидент.

Семејството Мусаи по потекло е од Струга.