Мајка Никол Пауел објави на Фејсбук слатко видео од нејзиниот шестгодишен син како му пее на својот помлад брат. Следното утро, видеото имаше над милион прегледи и стотици коментари на таа социјална мрежа.
Шестнеделниот Трип е роден со Даунов синдром, а првите недели од животот ги помина на одделението за интензивна нега. Тој пристигна дома пред две недели, а тоа најмногу го израдува неговиот постар брат Рејс.
„Од денот кога се роди, Рејс го држи во раце. По школото, ќе дојде, ќе разговара со него и ќе му го раскаже неговиот ден “, вели мама Никол.
Нашол и песна за неговиот помлад брат. Тој одлучи дека „10 000 часа“, која ја пеат Дан + Шеј и Џастин Бибер ќе биде нивната химна.
„Оваа песна е за тебе“, му вели Рејс на својот брат, пеејќи, а мама го сними моментот со камера.
„Би потрошил 10.000 часови и 10 000 повеќе ако треба да го запознаам твоето срце. Можеби никогаш нема да успеам, но ќе пробам. Ќе те сакам 10.000 часа остатокот од мојот живот“, му пее Рејс на Трип, нежно држејќи го во раце.