Во Виена, патниците можат да добијат бесплатен дезодоранс додека се возат во метро на линијата У6.
Градското сообраќајно претпријатие „Виенски линии” овие денови на патниците ќе им подели повеќе од 14.000 стик дезодоранси.
Во моментов, само околу 50 проценти од возовите на оваа линија се климатизирани, додека на прозорците на неклиматизираните се лепат заштитни фолии, кои можат да ја намалат температурата за 4 степени.
Метрото во Виена постои 40 години. Денес во У-Бахн има вкупно пет линии, 109 станици, долг е 83 километри, а само 2017 година превезувал 450 милиони патници.