Во обраќањето н Доналд Трамп до Американите кое се уште трае, американскиот претседател изјави дека ниту еден Американец не е повреден во синоќешните напади на Иран врз две американски бази во Ирак. Претходно и Ирак соопшти дека ниту еден Ирачанец не еѓртва на нападите.
Во своето обраќање тој даде нови детали за улогата на убиениот генерал Сулејмани и неговата улога во дестабилизација на регионот.
Трамп порача дека нема да застане ако САД бидат загрозени и најави нови санкции кон Иран. Додаде и дека додека е тој претседател на САД, Иран нема да развие нуклеарно оружје.
Што се однесува до американскиот одговор на синоќешниот напад, Трамп соопшто дека тоа прашање се уште се разгледува.