Каролина Плишкова (Чешка) ја одбрани титулата на тенискиот турнир вреден 1,5 милиони долари во Бризбејн (Австралија).

Поставената под број 2, Плишкова ја престигна бр.8 Медисон Кис со 6:4, 4:6 и 7:5 по 2 часа и 10 минути игра.

Плишкова го освои првиот сет откако спаси две можности за брејк и го изедначи резултатот на 4:4. Потоа стигна до брејк на 0 и го овои својот сервис за 6: 4.

Во вториот сет при 2:2 следеше размена на брејкови, но Кис успеа да ја искористи својата психолошка предност и на 5:4 во своја полза реализираше нов брејк, по што го изедначи резултатот.

Решавачкиот трет дел, започна добро за Плишкова, која направи брејк и сервираше за мечот при 5:4 во своја корист. Кис успеа да израмни на 5:5, но потоа дојде пад во играта и загуби со 5:7