Петгодишно дете е тешко повредено додека неговиот дедо паркирал патничко возило во дворот на куќата, соопшти МВР.

Несреќата се случила вчера, во тетовското село Селце, а е пријавена попладнето во 16:40 часот.

Детето е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на незгодата од екипа на СВР Тетово.