Ј.Т. (38) од прилепското село Браилово починал во пожар што избувнал вчера во неговата куќа. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вечра напладне, во 12:00 часот.

Смртта на Ј.Т. ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат, а извршен е и увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Причините за пожарот не се наведени во денешниот Билтен на МВР.