Словенечкикиот пограничен град Сежана доби бордел кој е прв од таков тип на Балканот.
Две бизнисменки отвораат необична и на овие простори сè уште невиден тип на јавна куќа.
Тие во ова мало градче на словенечко-италијанската граница отвораат бордел со кукли за возрасни. Овој вид на јавна куќа наречена Doll House на клиентите на почетокот ќе им изнајмува две пластични „девојки“, а наскоро ќе им се придружи и „момче“ за потребите на понежниот пол, како и за геј популацијата.
– Тие се посебни, врвни силиконски кукли. Топли се, имаат температура како човековото тело. Едната е црнокоса со виткана коса, а другата е русокоса. Клиентите со нив ќе можат да прават сè што можат со една жена, но од хигиенски причини ќе мора да користат кондом и внимателно да ракуваат со оваа модерна љубовна опрема за да не се повредат, вели Сандра Негро.
Таа појаснува дека се води голема грижа за хигиената:
– По секоја употреба куклите се дезинфицираат и чистат со посебни средства за чистење кои се наменети за таа цел и се дел од пропишаната опрема за одржување, додава Негро.
Куклите ќе можат да се изнајмат за „љубов“ од 30 минути за 60 евра, за еден час 80 евра, а за два часа „авантура“ 120 евра. Клиентите имаат на располагање и посебни ТВ програми и играчки за возрасни, а на крајот и можност да се истушираат.