Тајсон Фјури планира наскоро да се повлече од боксот. Поранешниот шампион во тешка категорија изјави дека му остануваат уште 3 натпревари до крајот. Фјури (29-0-1, 20 КО) планира да има борби со Дионтеј Вајлдер, Ентони Џошуа и Дилиан Вајт.
Првата од овие 3 битки ќе биде следниот месец против Дионтеј Вајлдер (42-0-1, 41 КО) за титулата во ВБЦ верзијата. Британецот верува дека може да го победи, а потоа планира да му даде шанса за титулата Дилон Вајт.
– Не знам за трета битка со Вајлдер, но сепак имам уште 3 борби. Ќе се борам против Вајлдер, Џошуа и Вајт, а потоа заминувам. Ќе се борам со Вајт затоа што тој е задолжителен кандидат веќе 2000 дена, а не добив шанса. Ќе се борам против него откако ќе го победам Вајлдер, мислам дека е добар боксер и ќе биде една од моите последни борби. Тој е еден од оние кои немаат среќа, но ќе добие шанса за титула, откри Фјури.
Одлуката на Фјури е доста интересна затоа што порано рече дека ќе се бори барем до 50-годишна возраст. Ако Фјури се придржува до планот, тој најверојатно ќе се пензионира некаде следната година на 32-годишна возраст.