Проблеми за хрватската ракометна репрезентација пред натпреварот со Шпанија в среда во рамки на Европското првенство. На повреда се жали средниот бек Лука Циндриќ (26) кој според асистентот во стручниот штаб на „коцкестите“, Хрвое Хорват нема да игра во наредниот дуел кој ќе одлучува за првото место во групата во Виена.
– Почувствува болка во листот на мускулот, а има и дисторзија на скочниот зглоб. Сигурно ќе биде подготвен за полуфинале, иако постои можност да заигра и против Шпанија в среда. Ја следиме состојбата и ќе видиме дали ќе ризикуваме за последниот натпревар во Виена или ќе добие поштеда за завршниот викенд во Шведска, изјави Хорват.
Една од важните алки во ракометната репрезентација на Хрватска плати данок на тешко извојуваната победа над Германија во саботата, меѓутоа се очекува да се врати во националниот тим за полуфиналето в петок. Циндриќ досега постигна 20 гола за Хрватска на ова ЕП од 34 обиди и во просек одигра по 37,8 минути по натпревар.
Инаку, пред малку, Хрватска во денешниот натпревар ја победи Чешка со 22:21.