Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за збиениот распоред и тешкотиите на англиските екипи со календарот на натпреварите.

– Треба да донесеме одлука. Мислам дека е потребно да се направи годината да се состои од 400 дена. Што се однесува до Купот на англиската лига, извадете неколку турнири. Елиминирајте ги целосно, така што ќе има помалку средби. Помалку натпревари, поголем квалитет. Луѓето ќе го сакаат ова. Ќе имаат време да одат во театар, кино, ресторани, да гледаат огномет, апелира Гвардиола до Англиската федерација.

Тој направи споредба со распоредите на натпревари во Шпанија и Германија.

– Германија и Шпанија имаат помалку натпревари, многу помалку отколку овде. Во Бундеслигата има 18 екипи, не 20, еден пехар, а не два. Тие имаат пауза, како во Шпанија. Фазите на Купот минуваат низ еден натпревар, а не два. Ова е голема разлика. Неопходно за да се заштитат играчите. Тие ќе уживаат во тоа, како и навивачите. Искрено, во Англија има премногу натпревари, потенцира шпанскиот фудбалски стручњак.