Ако сакате љубезни луѓе кои ќе ве примат во својот дом, ако сакате добра храна и пијачка, одете во Македонија и нема да зажалите, порачува хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ, кој игра во одлична форма на ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка.

Поранешниот 31-годипен ракометар на скопски Вардар, по победата над Германија беше прогласен за играч на натпреварот и најзаслужен за пласманот на Хрватите во полуфиналето.

По мечот рече дека натпреварот го потсети на херојската партија со Вардар во финалето од Лигата на шампионите против Барселона и дека ја сака Македонија и таа е негов втор дом.

– Се сетив на Вардар и тоа големо финале во Келн. Некако секогаш сум поврзан со Македонија на некој начин. Тоа е мојот втор дом. Ако сакате љубезни луѓе кои ќе ве примат во својот дом, ако сакате добра храна и пијачка, одете во Македонија и нема да зажалите, Хрватот Карачиќ.

Тој седум години ги бранеше „црвено-црните“ бои на Вардар и двапати се искачи на врвот на Европа.