Силен земјотрес од 5,6 степени пред околу еден час го погодил Киркагак во Турција, на 50-тина км од Измир. Земјотресот бил со јачина од 5,6 степени, со епицентар на 13 км од Киркагак.
Засега нема други податоци, пред се податоци за повредени, жртви и разурнувања.
Неодамнешниот земјотрес во Драч, Албанија, при кој имаше десетици жртви и над 600 повредени беше со јачина од 6,4 степени.